ПРОИЗВОДИ
Како да одберам соодветен производ за мојата кожа?
Доколку се соочуваш со дилема кој производ е соодветен за твојата кожа, консултирај се со тимот на Yeppeuda преку веб формуларот за персонализирана рутина, контактирај не на info@yeppeuda.mk или зборувај со нашиот тим на нашиот инстаграм профил.
За која возраст се наменети вашите производи?
Благодарение на огромното и богато портфолио, во нашата продавница може да се најдат производи за секоја возраст 0+ и за секоја проблематика .
Каде може да се купат производите?
Сите производи се достапни на нашата веб продавница. Дел од производите може да се нарачаат преку апликацијата КОРПА, или пак физички да се најдат во ПРОМЕДИКА АПТЕКА, ТВОЈА АПТЕКА, КОСМО, ДМ дрогерии.
НАРАЧКА
ДАЛИ МОЖЕ ДА НАПРАВАМ ПРОМЕНА ВО НАРАЧКАТА?
Доколку сакате да направите промена во нарачката, контактирајте го нашиот тим на info@yeppeuda.mk
Како се врши плаќањето на нарачката?
Плаќањата се вршат елекстронски, со картичка.
ДОСТАВА
Која е цената на доставата?
За сите нарачки над износ од 1700 денари, доставата е бесплатна. За износ под 1700 денари, доставата се наплатува 160 денари.
Кога да ја очекувам мојата нарачка?
Нарачките се процесираат истиот ден доколку се направени до 14ч, или следниот работен ден. Испораката се врши во рок од 2-3 работни дена, или за рурални подрачја до 5 дена.
Дали доставувате надвор од Северна Македонија?
Моментално испорака е овозможена исклучиво за територија на Северна Македонија.
ВРАЌАЊЕ, РЕКЛАМАЦИЈА И ЗАМЕНА
Дали може да го заменам производот за друг?
За замена на производ, ве молам контактирајте го нашиот тим на info@yeppeuda.mk
Трошокот за замена на производ паѓа на товар на купувачот.
Добивте оштетен производ?
При прием на производите од страна на курирската служба, секогаш проверете ги производите за можни оштетувања. Доколку се воочи оштетување и навремено го контактирате нашиот тим, производот ќе биде заменет со исправен или средствата ќе бидат рефундирани.
Враќање на средства
Враќањето на средства се вршат директно на транскациската сметка од која е извршена наплатата. Доколку средствата се враќаат на барање на купувачот, трошоците и провизиите паѓаат на товар на купувачот.