Правила на купување

Термини и услови

Оваа интернет страна, со домеин www.yeppeuda.mk/ www.yeppeuda.com.mk, во сопственост на Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи купување на производи.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.yeppeuda.mk, внимателно да ги прочитате. Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје и се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба, и не е дозволено за било каква злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.

Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот, формата на производот, составот на производот и неговата намена. Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

  • Постои ризик од губење на битни информации при преводот
  • Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
  • Се користи универзална терминологија
Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.yeppeuda.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да направи нарачка на избере пакет на производи од понудата на Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната,Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување. Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје нема обврска да изврши никакво обештетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 075 233 882 кој е достапен во периодот од 10 :00 часот до 21:00 часот секој работен ден, од понеделник до сабота, или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@yeppeuda.com.mk

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија.

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Немате ограничување во висината на нарачката, но бесплатна достава ќе е достапна со нарачка над 1500 денари.

Испорака се врши секој работен ден од 10 до 20 часот и во сабота од 10 до 14 часот. Во недела и државни празници не се врши испорака.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производите, да ги провери од евентуални оштетувања при транспорт и да провери дали количинска одговара на нарачката.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да го наведе недостатокот на документот за испорака, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на купувачот или до влезот на колективната станбена зграда доколку нема лифт или истиот е вон употреба.

Каков било приговор Купувачот може да прати писмено е-маил адресата info@yeppeuda.com.mk .

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА  Јепуда ДООЕЛ увоз извоз Скопје И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.