Red Clay 100GR
Совршен избор за кожа која е склона кон иритации, испукани капилари, розацеа.. Ја подобрува микроциркулацијата на кожата и го намалува црвенилото, подобрувајќи ја текстурата на кожата и превенирајќи пукање на капилари, вени, акни.
100% Red Clay
Измешајте од глината со малку вода или масло за да се формира нежна паста. Може да се користи и со пантенол раствор, за екстра хидратација и спречување на дехидрација на кожата од глината. Нанесете на чиста кожа и почекајте да се исуши, потоа исплакнете со млака вода. Не дозволувајте глината да стои долго сува на кожата, за да не дојде до непотребна дехидрација. Веднаш штом почувствувате дека маската е сува, измијте го лицето.