Medicube Age-R Booster Pro
22.900 МКД
SOLD OUT
Професионално ниво за нега на кожа во удобноста на вашиот дом со AGE-E Booster Pro на Medicube, уред за целосна нега, 6 во 1 кој што ја користи најновата технологија за нега на кожа за да ги постигнете вашите цели за здрава и сјајна кожа.Овој уред е со 4-ри лесни режими на користење. Користи електропорација, микроструи, EMS, електрични игли, LED и звучни вибрации за да се подобри апсорпцијата на кожата, да се зголеми сјајот, цврстината и еластичноста на кожата, и да се минимизира појавата на порите.
Уредот може да се користи по нанесување на вашиот омилен серум и хидратантен крем.
Booster mode - електропорација: користи електропорација за да и помогне на кожата да може полесно да ги апсорбира активните состојки за да навлезат во кожата.
MC Mode- микроструи: ќе и помогне на кожата да се волуменизира и да се задебели кожата, и ќе ја намали појавата на фини линии и брчки.
EMS-derma shot:ја зацрвстува и ја дефинира кожата преку стимулирање на мускулите на лицето со EMS со средна фреквенција.
Ari Shot-електични игли: ја подобрува еластичноста на порите, со создравање на неоштетени премини во кожата со електрични игли.
Сина LED светлина има опсег на бранова должина од 455-492 nm и помага при нега на порите
и контрола на себум.
Портокаловата LED светлина има опсег на бранова должина од 597-622 nm и помага да се осветли кожата и да се зголеми сјајот.
Зелената LED светлина има опсег на бранова должина од 492-577 nm и помага да се зголеми волуменот на кожата.
Црвена LED светлина има опсег на бранова должина од 622-780 nm и помага да се поттикне поголема еластичност на кожата.
Виолетова LED светлина има опсег на бранова должина од 390-455 nm и помага да се подобри апсорпцијата на активни состојки за нега на кожата.
-Изберете го режимот што најдобро одговара на вашите специфични цели за нега на кожата.
-Овие LED светлини се претходно поставени според режимот во кој го користите уредот.
-Овој уред е опремен со сензор за контакт со кожата кој емитува LED Iight само кога ја допира кожата. Погоден е за сите типови кожа.
-Овој уред користи електрични микроструи, па затоа е важно да го користите со претпазливост.
-Ве молиме прочитајте ги упатствата за употреба и предупредувањата пред да започнете да го користите овој производ.
За да го вклучите уредот, притиснете и задржете го копчето повеќе од 2 секунди. Накратко притиснете го копчето за режим за да менувате режими. За да промените ниво на јачина, кратко притиснете го копчето за вклучување. Започнете со ниво 1 и зголемете ја јачината се додека вашата кожа се навикнува. *Избегнувајте да го користите уредот на вратот, рани и области на кои што биле подложени на хируршки процедури. Режим Ari Shot(електични игли) Користете го на чиста и сува кожа 2-3 пати неделно. Пред употреба проверете дали главата од уредот е целосно во контакт со површината на кожата, и потоа движете до уредот, движејќи се од внатрешната страна на лицето кон надвор. Овој режим се користи 5 минути. Booster mode(електропорација) Користете го на чиста кожа 1-2 пати на ден. -По чистењето следете ја вашата рутина на нанесување на производи за рутина на нега на кожата. -Проверете дали главата на уредот е во контакт со површината на кожата. -Користете го уредот со кружни движења, од внатрешноста на лицето кон надвор. Се користи 5-10 минути на едно користење. MC Mode(микроструи) Користете го на чиста кожа 1-2 пати на ден. -По чистењето следете ја вашата рутина на нанесување на производи за рутина на нега на кожата. -Проверете дали главата на уредот е во контакт со површината на кожата. -Користете го уредот преку кожа со движења нагоре, движејќи се од внатрешноста на лицето кон надвор. Се користи 5-10 минути на едно користење. EMS(derma shot) -По чистењето следете ја вашата рутина на нанесување на производи за рутина на нега на кожата. -Проверете дали главата на уредот е во контакт со површината на кожата. -Користете го уредот со кружни движења, движејќи се од внатрешноста на лицето кон надвор. Паузирајте 1-2 секунди на области кои особено сакате да ги третирате. Се користи 5-10 минути на едно користење. Најчесто поставувани прашања Колку често се користи уредот? Се препорачува да се користи во режимите Booster mode(електропорација), MC Mode(микроструи) и EMS(derma shot) 1-2 пати на ден. Режимот Ari Shot(електични игли) се препорачува да се користи 2-3 пати неделно. Дали може да се користат сите 4-ри режими во иста рутина? Да може да се користат, користете фо Air Shot(електрични игли) на чиста и сува кожа, а потоа користете ги другите режими откако ќе ги нанесете производите за рутина на нега на кожата. Дали после користење на уредот следи период на регенерација? Уредот не предизвикува директни лузни на лицето така што нема потреба од посебен период на регенерација. Како се одржува уредот? По употреба избришете ја главата со памукче и чувајте го уредот на суво место. Како се полни уредот? Наполнете го уредот со помош на вклучениот USB-C полнач, пред прво користење и секогаш кога батеријата е прикрај. Нивото на батерија се прикажува на LED индикаторот во бело за време на полнење. Уредот не се користи додека се полни! Сетот содржи - AGE-R Booster Pro, Упатство за употреба и USB кабел за полнење