Medicube Age-R Booster Pro Mini Pink
Medicube AGE-R BOOSTER PRO MINI Pink е компактен и лесен за употреба уред за нега на кожа, кој нуди професионални резултати во удобноста на вашиот дом. Овој уред комбинира напредни технологии како што се LED светлосна терапија и вибрации, за да ја подобри апсорпцијата на козметичките производи и да ги реши различните проблеми со кожата.Комбинира LED светлосна терапија и микро-вибрации за да ја зголеми апсорпцијата на козметичките производи и да го подобри целокупниот изглед и текстура на кожата. Црвената светлина го поддржува осветлувањето на тенот и го намалува изгледот на пигментација, додека сината светлина има смирувачко дејство и го регулира вишокот на себум. Со редовна употреба, кожата станува видливо поцврста, посјајна и поеластична.
Избегнувајте користење околу очите или околу Адамовото јаболко . Пред употреба да се отсранат сите метални додатоци и накит. Секогаш почнувајте со најниското ниво на режим и зголемувајте по потреба до посакуваното ниво. По употреба избришете ја главата со козметичко памукче и чувајте го уредот на суво место.Како се полни уредот?
Наполнете го уредот со помош на вклучениот USB-C полнач, пред прво користење и секогаш кога батеријата е прикрај. Нивото на батерија се прикажува на LED индикаторот во бело за време на полнење. Уредот не се користи додека се полни! Со уредот не следува кабел за полнење.
Вклучете го уредот со долго притискање на копчето за вклучување и изберете режим со кратко притискање на истото копе.Два пати притиснете на копчето за вклучување за да изберете црвена или сина LED светлина.
Уредот користете го максимум до 3 пати во денот од 5 до 10 минути, со тоа што главата на уредот ќе ја држите до кожата. При употреба на уредот секогаш движете го не го држете на исто место! По употреба избришете ја главата со козметичко памукче и чувајте го уредот на суво место.