Nacomi Next Level Acid exfoliator for Sensitive Skin 30 ml

product picture

740 МКД
Количина: Купи
Категорија: NACOMI
Деликатната и сензитивна кожа има потребна од ексфолијација исто така. Истото важи и за проблематична кожа која користи доста активни состојки и има потреба од нежен пристап на ексфолијација, со цел спречување на иритации и дехидрација. Накоми ексфолијантот наменет за сензитивна кожа е одговорот на овој проблем. Збогатен со нежни ПХА киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки без да ја иритираат кожата, а имаат и хидратациско дејство. Екстрактот од манука мед ги смирува воспалителните процеси кај кожата. APIBREEZE™ комплексот ја подобрува текстурата на кожата и промовира нејзина регенерација.
Aqua, Glycerin, Gluconolactone, Mel, Lactobionic Acid, Sodium Hydroxypropyl Starch Phosphate, Honey Extract, Cellulose, Hectorite, Citric Acid, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Sodium Citrate, Xanthan Gum, Benzyl Alcohol.
Начин на користење: Производот се користи на сличен принцип како маска за лице. Нанесете мала количина на чиста и сува кожа после миење на лицето, избегнувајќи го делот околу очи. Нежно аплицирајте го продуктот на кожата и оставете да делува десетина минути. Потоа целосно исплакнете го со млака вода. Направете patch test на мала регија на кожата пред употреба. После користење на продуктот нанесете серуми и креми за хидратација, избегнувајте користење на додатни пилинзи, или АХА и БХА киселини во вечери кога се користи овој производ. Редовно користење на СПФ е препорачливо генерално, а посебно при користење на активни состојки од овој тип. Не го држете производот на лице подолго од препорачаната временска рамка.

Поврзани производи